Минатиот месец Државниот завод за статистика измери стапка на инфлација од 4 отсто. Според ДЗС, трошоците на животот, кои се клучниот показател за движењето на инфлацијата, во јули забележале пораст од 4 отсто на годишно ниво. Тоа е за 0,2 отсто помалку во споредба со претходниот месец, јуни, кога инфлација изнесуваше 4,2 отсто. Но, далеку над проекциите на Владата и на Народната банка, кои предвидоа инфлација од 3,5, односно 3,2 отсто. Во претходните месеци годишната инфлација во Македонија се движеше меѓу 3,1 и 3,5 отсто. На месечно ниво, индексот на трошоците на живот во јули годинава бележи намалување од 1,1 отсто, што е резултат на пониските индекси на зеленчукот за 20,2 отсто, на овошјето за 2,4 отсто, преработките од млеко за 0,6 отсто, мастите за 0,5 отсто и месото и рибата за 0,3 отсто.
Минатиот месец Државниот завод за статистика измери стапка на инфлација од 4 отсто.
Според ДЗС, трошоците на животот, кои се клучниот показател за движењето на инфлацијата, во јули забележале пораст од 4 отсто на годишно ниво. Тоа е за 0,2 отсто помалку во споредба со претходниот месец, јуни, кога инфлација изнесуваше 4,2 отсто. Но, далеку над проекциите на Владата и на Народната банка, кои предвидоа инфлација од 3,5, односно 3,2 отсто. Во претходните месеци годишната инфлација во Македонија се движеше меѓу 3,1 и 3,5 отсто.
На месечно ниво, индексот на трошоците на живот во јули годинава бележи намалување од 1,1 отсто, што е резултат на пониските индекси на зеленчукот за 20,2 отсто, на овошјето за 2,4 отсто, преработките од млеко за 0,6 отсто, мастите за 0,5 отсто и месото и рибата за 0,3 отсто.
Минатиот месец се намалени и индексите на трошоците на животот кај електричната енергија за домаќинствата за 4,5 отсто, авионскиот превоз на патници за 4 отсто и кај обувките за 0,4 отсто.
Пораст на индексот на трошоците на животот, во споредба со претходниот месец, е забележан кај алкохолните пијалаци за 7,7 отсто, свежото и киселото млеко за 1,8 отсто, јајцата за 0,8 и преработките од риба за 0,4 отсто. Исто така, пораст е забележан и кај течните горива и гасот за домаќинствата за 2,1 отсто, лековите за 0,9 отсто, пијалаците во рестораните и хотелите за 0,7 отсто, нафтените деривати за 0,6, туристичките аранжмани за 0,5, конфекцијата за домаќинствата, електричните апарати за домаќинствата и средствата за хигиена за 0,4, сообраќајните средства и трошоците за одржување на автомобилите за 0,3, и садовите и приборот за домаќинствата за 0,2 отсто.